Словенечката компанија Tecos заедно со партнери од Белгија, Франција и Шпанија развива технологија за изработка на амбалажа за сокови направена од нуспродуктите во рпоцесот на производство на сокови. Иновативната амбалажа ќе биде направена од корите и преостанатата пулпа од лимон, портокал и мандарини, откако плодовите ќе се исцедат во нивната индустриска преработка.

Проектот е наречен Citruspack, а за иновативната зелена амбалажа ќе се користат исклучиво агруми од шпанската покраина Мурциа каде овие плодови се произведуваат еколошки, без примена на штетни препарати, изјави за мариборскиот весник „Вечер“ д-р Весна Жепиќ Богатај, која е лидер на тимот иноватори во Tecos.