327
Стефанос Циципас е првиот финалист на завршниот АТП турнир во Лондон.
Дваесет и едно-годишниот Грк го победи шесткратниот шампион Роџер Федерер со 6:3, 6:4 во првото полуфинале и ќе спори в недела со Доминик Тим или Александар Зверев, кои играат вечерва.
Триесет и осум-годишниот Швајцарец се бореше до последен момент со својот далеку помлад ривал, но не издржа и отстапи пред својот противник по 1 час и 36 минути игра.