Циципас ги повика луѓето да се заразат со корона, a сега одлучи да се вакцинира

од Vladimir Zorba
403 прегледи

Стефанос Циципас, третиот тенисер во светот, за само еден месец целосно го смени мислењето за вакцинацијата.

Не толку одамна, тој рече дека ќе одлучи да се вакцинира само ако тоа е задолжителен услов за учество на турнири.

„Никој ништо не ми кажа. Никој не ми наложи да се вакцинирам“, рече Гркот за време на турнирот во Синсинати.

Тој отиде чекор подалеку и дури ги повика помладите луѓе да се заразат.

„Сите ние имаме право да го правиме она што сметаме дека е правилно. Никој не може да оди со таа вакцина и да ме натера да ја примам. Ако некој сака да се заштити со вакцината, добро, јас не сум против, но јас сум под 25 години и не верувам дека оваа вакцина е тестирана. Дури мислам дека е добро помладите да се заразат, бидејќи така ќе добијат природен имунитет. Не гледам ништо лошо во тоа. Како што реков претходно, не е задолжително, секој ќе одлучи за себе. Веројатно ќе дојде момент кога тие нема да ни дадат многу избор, но дотогаш сакам да видам подобра верзија на вакцината, онаа што ќе има повеќе предности отколку минуси“, рече неодамна Циципас.

Сега, тој рече дека ќе биде вакциниран, за да има целосна слобода на движење.

„Ќе се вакцинирам годинава за да можам да одам во ресторани и продавници. Ги поддржувам сите што сакаат да се вакцинираат. Моето мислење не е најдобро кога станува збор за медицината. Многу сум подобар во тенисот“, рече тој за телевизијата „Антена“.

Слични содржини