Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полесно од очекувањата обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен.
Четвртиот тенисер во светот за нешто помалку од два часа игра го совлада десеттопласираниот Јаник Синер со резултат 6:3, 6:4, 6:2.
Гркот направи брејк во вториот гем користејќи ја првата брејк топка, а потоа мирно ја заврши работата до крајот на сетот.
Слична ситуација имаше и во вториот дел, кога Циципас по брејк поведе со 2:1 во гемови. Повторно, само една брејк топка беше доволна за освојување на сетот.
Во третиот сет Италијанецот целосно падна.
Циципас двапати му го одзеде сервисот на ривалот кој не успеа да освои поен на брејк топка во текот на целиот меч, а исто така не беше блиску самиот да направи брејк.
Циципас ќе има тешка работа во борбата за финалето, кој ќе игра против подобриот од мечот меѓу Данил Медведев и Феликс Оже-Алијасим.