Циципас по победата на Ѓоковиќ : „Дадов се од себе“

од Берта Китинска
330 прегледи

Грчкиот тенисер Стефанос Ципипас вели дека бил инспириран од успесите на Новак Ѓoковиќ во последните години, иако бил депресивен од исходот на финалето на Ролан Гарос.

Циципас поведе со 2-0 во сетови, но по повеќе од четири часа борба и пет сета на стадионот „Филип Шатрије“, тој ги положи оружјето пред српскиот играч.

„Беше одлична борба, дадов се од себе, јас пробав се што можев. Јас би рекол дека навистина направив одлична низа резултати, но честитки за Новак. Тој покажа колку е голем шампион. Бев прилично инспириран од неговите достигнувања, барем половина од она што го направив, ќе бидам пресреќен“, изјави Циципас по натпреварот.

Ѓоковиќ го освои својот втор трофеј по 2016 година на Ролан Гарос, а тој го совлада Циципас со 6: 7, 2: 6, 6: 3, 6: 2 и 6: 4.

Ова е  втора на Ролан Гарос откако првиот пат славеше во 2016 година. Ѓоковиќ стана првиот тенисер во модерната ера кој на секој од четирите грен слем турнири победил по најмалку два пати.

Исто така ова е 19 грен слем трофеј во кариерата на Ѓоковиќ со што дојде на само еден трофеј од Рафаел Надал и Рожер Федерер кои застанаа на бројката од 20 титули.

Слични содржини