Цивил: Партиски штандови со списоци за гласање во Шуто Оризари

од desk4
139 прегледи

Во општина Шуто Оризари речиси на секоја улица се зебележани партиски штабови на кандидати за градоначалници од две политички партии, информираат од невладината организација „Цивил“.

Набљудувачите на „Цивил“ успеале да снимат и фотографираат штандови на кои партиски активисти имаат и списоци на гласачи.

На социјалните мрежи може да се забележи како гласачите на Шуто Оризари на своите профили поставуваат фотографии од штандовите на кандидатите за градоначалници, додаваат од „Цивил“.

Освен штандовите набљудувачите забележали и гласачи кои со партиски маици и капи, во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, го оствариле своето гласачко право. Покрај родителите, партиски обележја носеле и нивните малолетни деца.