Мониторинг тимовите на невладината организација ЦИВИЛ нотирале засилена активност на партиски активисти во општините каде што се гласа во вториот круг на локалните избори, вклучувајќи го и денот на предизборниот молк.

Апелираат сите учесници во вториот изборен круг, да придонесат за мирен, слободен и демократски изборен ден.
ЦИВИЛ, како што се наведува во соопштението, добил неколку извештаи од изборните набљудувачи и едно аудио сведоштво за изборен поткуп во Штип.
Од оваа невладина организација ги повикуваат сите граѓани да пријават било каква повреда на нивното право на глас или изборни нерегуларности на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info или на мејл [email protected]. Пријавите граѓаните можат да ги поднесат и на телефоните 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138.