„Многу пропуштивме во изминатите години, но денеска имаме предлог на маса, подготвен по консултации со нашето МНР. На сослушувањето пред парламентот, Генчовска рече дека постигнатото е најдоброто што досега било постигнато како резултат на овие напори“, изјави пратеничката на „Демократска Бугарија“ Антоанета Цонева по повод францускиот предлог за кревање на ветото за стартот на преговори на С.Македонија со ЕУ за БНТ.
Таа посочи дека не може да ја разбере пораката на претседателот на земјата, Румен Радев за случајот со Северна Македонија – од една страна признава дека предлогот на Франција е напредок, од друга – зборува за предавство.
„Како да ја прифатиме тезата дека ова е предавство? Употребата на темата Македонија како гума за џвакање, таргетирањето и етикетирањето на предавство не функционира на решавање на проблемот. Во Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ го отфрла овој предлог – така од една страна не се задоволни, од друга страна го поистоветуваме мислењето на претседателот и ИТН. Зошто ВМРО-ДПМНЕ се незадоволни, а незадоволен е и претседателот Радев – нели тие не треба бидат на иста позиција“, праша Цонева.
Република Северна Македонија треба да започне вистински преговори за членство во ЕУ дури откако ќе се направат промени во Уставот и Бугарите ќе бидат регистрирани како уставотоврен народ. Ова е содржано во предлогот на француското претседателство, кој владата во Бугариј го испрати до парламентарната комисија за надворешна политика.
Според Цонева, проектот предвидува и подготовка на протокол на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој ќе содржи конкретни детали за спроведувањето на Договорот. Преку овој протокол ќе може да се следи дали и како се спроведува договорот.
„Тоа е без преседан – меѓудржавните билатерални односи да бидат вклучени во европската преговарачка рамка. Овој протокол ќе вклучува следење на говорот на омраза – македонските власти и медиуми ќе бидат следени што зборуваат и тоа ќе биде забележано. Гарант нема да биде само Бугарија туку целата Европска Унија. Преговорите за пристап може да бидат прекинати во секое време кога ќе се утврди дека договорот е прекршен“. додаде Цонева.