Цонга ја завршува кариерата по Ролан Гарос

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга објави дека ќе ја заврши кариерата по Ролан Гарос.

Цонга, кој на 17 април ќе го прослави 37. роденден, своевремено беше петти тенисер во светот, но поради бројните повреди и лошата форма падна на 220. место на АТП листата.

„Ова ќе биде мое 15-то учество на Ролан Гарос и се надевам дека ќе бидам онака како што отсекогаш сум бил на овој турнир“, рече Цонга.

Французинот во кариерата освои 18 АТП титули, а најблиску до трофејот на Гренд слем турнирите беше во 2008 година, кога во финалето на Австралија опен беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

Беше полуфиналист на Ролан Гарос и Вимблдон, додека на УС Опен во неколку наврати стигнуваше до четвртфиналето.

На Олимписките игри во Лондон 2012 година, тој освои сребрен медал во пар со Микаел Лодра.

Слични содржини