Цорк: Дортмунд има што уште да му даде на Халанд

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, смета дека Ерлинг Халанд има причина да остане во клубот. Се очекува норвешкиот напаѓач да си замине на лето, а интересот за него е огромен. Борусија сака до крајот на февруари играчот да одлучи за својата иднина за да му најде достојна замена.

„Ерлинг е сè уште многу млад и неговиот развој не е завршен. Ние сме многу добар клуб кој го поддржува развојот на играчите. Во одреден момент ќе биде донесена одлука“, изјави Цорк за „Kicker“.

Шефот на Борусија го коментираше и целокупниот развој на клубот. Тренерот Марко Розе доби одредени критики откако тимот испадна од Лигата на шампионите и Купот на Германија, но според Цорк тој го води тимот во вистинската насока.

„Оставувањето од овие турнири природно влијаеше на расположението на тимот. Но, генерално, ние сме на вистинскиот пат со Марко. Ние сме целосно уверени во насоката што ја избравме со него. Го избравме за долгорочно партнерство. Розе никогаш не се пожалил на многуте повредени и други проблеми. Нашите бодови во првенството се доказ за добрата работа што ја работи“, изјави Цорк.

Слични содржини