Цорк: Му кажавме на Рајола, Халанд може да оди под еден услов

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Ерлинг Халанд, но има еден услов – изјави спортскиот директор на „милионерите“, Мајкл Цорк.

Агентот на Халанд, Мино Рајола беше виден во Барселона денес и веднаш се претпоставуваше дека ќе оди на состанок со челниците на Барса, но исто така беше речено дека тој штотуку започнал европска турнеја во Каталонија.

– Вчера разговаравме со Рајола, не е тајна. Му кажавме што имаме, бевме многу јасни, изјави Цорк за германските медиуми.

Борусија нема да се согласи да го продаде норвешкиот голгетер за помалку од 150 милиони евра.

Слични содржини