ЦПИА денес организира промоција на Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и иможности за институционалната и правната рамка на животна средина

Промоција на Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и иможности за институционалната и правната рамка на животна средина, денес ќе биде оддржана во Скопје, каде како организатор се јавува Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА.

Како што посочуваат организаторите, целта на ова е мапирање на законските и институционалните предизвици во законодавството за животна средина, со што би се овозможило длабинска проценка на перформанските во рамки на заштитата на животната средина.

„Наодите на анализата ќе ги постават основите за креирање превентивни активности на полицијата и државните институции во земјата, судството и јавните обвинители кон воспоставување модел за ефективна еколошка правда. Овој систематски пристап ќе обезбеди целосна проценка и на нивото на усогласеност на националните закони со правото на ЕУ“, се посочува во соопштението од ЦПИА.

Инаку на промоција има најава за обраќање на академик Владо Камбовски, раководител во Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ – МАНУ и Никола Јовановски, програмски менаџер, Центар за правни истражувања и анализи.

Слични содржини