Според најновиот ковид-извештај на здравствените власти, во последните 24 часа регистрирани се 27 смртни случаи.
Билансот изнесува по 8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г), и Свети Николе (55г).
Од вкупно пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.