Според последниот ковид-пресек, текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица.
Црниот биланс по градови изнесува: 12 починати лица од Скопје (62г, 71г, 73г,75г, 75г, 75г, 81г, 81г, 86г, 88г, 88г и 92г), и по две починати лица од Битола (54г и 80г), и Струга (76г и 84г), по едно лице од Струмица (66г), Штип (67г), Прилеп (73г), Охрид (81г), Свети Николе (84г) и Демир Капија (86г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1).
Починатите се на возраст од 59г до 80г. Од пријавените лица 7 лица се починати во болнички услови и 5 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 06.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=34), 18 лица се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.