Црн ден во Црна Гора: Најмногу смртни случаи од почетокот на епидемијата

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Црна Гора, 18 лица починаа како резултат на коронавирусот, што е најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата.

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, другите јавни и приватни лаборатории кои се занимаваат со дијагностицирање на новата инфекција со коронавирус, вчера ја завршија анализата и до Институтот доставија резултати за 1.313 примероци на новиот коронавирус.

Вкупно 417 новозаразени случаи на инфекција со Ковид-19 биле дијагностицирани од следниве општини:

Подгорица 153, Никшиќ 79, Улцињ 33, Бар 26, Бело Поље 26, Плевља 23, Херцег Нови 15, Будва 14, Котор 11, Цетиње 11, Тузи 10, Беране 8, Тиват 4, Даниловград 1, Андријевица 1, Колашин 1, Беране 1.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.085.

Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на закрепнати, вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 8.969.

Од почетокот на епидемиските настани (март 2020 година), вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус во Црна Гора е 80.191.

Слични содржини