ЦРН ЕПИДЕМИОЛОШКИ РЕКОРД: Еден Американец умира од корона секоја минута

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Црн епидемиолошки рекорд во САД, откако Ројтерс известува дека едно лице со Ковид-19 умира секоја минута во САД.

Вкупниот број на смртни случаи во САД надмина 150.000 и е најголем во светот, а стапката на смртност се зголемува со невидена стапка.

Според анализата на Ројтерс, бројот на пациенти расте секој ден во 37 американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26 сојузни држави.

Бројот на загинати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.

Слични содржини