Црн рекорд во Флорида: 216 луѓе починале од коронавирус за 24 часа

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Во американската држава Флорида загинаа 216 лица од коронавирус за 24 часа, што е нов рекорден број смртни случаи во таа држава, која е многу погодена од епидемијата на новиот коронавирус.

216 лица починале во Флорида, а 186 во вторникот, објавија локалните власти, додавајќи дека 6.333 луѓе починале во таа американска држава од почетокот на пандемијата, пренесуваат американските медиуми.

Властите изјавија дека денес се регистрирани 9.446 заразени лица, што е благо опаѓање, затоа што имало околу или повеќе од 10.000 заразени лица на дневна основа во Флорида со недели.

Во таа земја со 21 милион жители, бројот на заразени е 451.423.

Слични содржини