ЦРН РЕКОРД ВО ШПАНИЈА: Скоро 3.000 нови случаи, најмногу од укинувањето на блокадата

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Шпанија денес се зголеми за 2.935, што е најголем број од укинувањето на рестриктивните мерки во таа земја, соопштија здравствените власти.

Регионот Мадрид, кој не успеа да ги пријави податоците претходниот ден поради технички тешкотии, има најголем број заразени, 842 во изминатите 24 часа, по што следи регионот на Баскија со 545 случаи, пренесе Ројтерс.

„Бројот на познати случаи постојано расте во Шпанија, но тоа е мало зголемување што овозможува спроведување на мерки за контрола“, им рече координаторот за итни случаи Фернандо Симон пред новинарите, додавајќи дека локализираните жаришта не довеле до втор бран на инфекција, што многумина очекуваат во есен.

Според него, повеќе од половина од заразените немале никакви симптоми.

Вкупниот број на заразени со коронавирус сега е 337.334.

Министерството за здравство на Шпанија изјави дека во текот на изминатата недела 70 лица починале од вирусот, така што вкупниот број на смртни случаи е 28.605.

Слични содржини