Во Црна Гора се регистрирани 67 нови случаи на коронавирус врз основа на анализа на 608 примероци, извршени од лабораториите на Институтот за јавно здравје.

Пријавени се два смртни случаја, објавија подгоричките „Вијести“.
Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 38, а од почетокот на годината 47.
Од инфекцијата се опоравиле 92 пациенти, така што вкупниот број на закрепени од 14 јуни е 616.
Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 2.038.