153
Во текот на вчерашниот ден, во Институтот за јавно здравје на Црна Гора не биле пријавени смртни случаи од КОВИД-19 , a биле дијагностицирани 39 новозаразени лица, пренесува РТЦГ.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1583. До 15:00 часот, пријавено е оздравување кај 71 пациент. Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на оздравени, вкупниот број на тековно активни случаи на коронавирус во Црна Гора е 861.
Од почетокот на епидемијата, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот вирус во земјата е 99.605.