Црна Гора ги ублажува мерките, се укинува полицискиот час

од Nikola Popovski
347 прегледи

Поради поволниот тренд на епидемиолошката состојба во Црна Гора, новите мерки ќе важат од среда, 12 мај до четврток, 20 мај, соопшти тамошното Министерство за здравство. Музичките настапи во живо на терасите на угостителските објекти се поместуваат за еден час и се дозволени од 19 до 22 часот.

На територијата на цела Црна Гора, забраната за движење, која важеше од полноќ до пет наутро, како и забраната за меѓуградски сообраќај, што важеше за време на викендите, се целосно укинати.

Во Црна Гора во тек е масовна имунизација. Првата доза на вакцината ја примиле околу 89 000 граѓани, односно 19 проценти од возрасната популација, додека втората доза ја примиле околу 32 000 граѓани.

Вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 1.755, додека од почетокот на епидемијата, вкупниот број на регистрирани случаи е 98.365.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, починале 1.544 луѓе.

Слични содржини