Службениците на Центарот за безбедност во Подгорица денеска поднеле кривична пријава против митрополитот црногорско-приморски при СПЦ Амфилохије Радовиќ поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неисполнување на здравствени регулативи за борба против опасни заразни болести, соопшти полициската управа.
„Осомничено е дека тој го сторил овој чин со организирање на јавен собир во движење на кое, според проценките на полицијата, присуствувале околу 8000 граѓани, што е спротивно на мерката на Министерството за здравство за дозволениот број граѓани на јавни собири“.
Покрај тоа, против него е поднесена прекршочна пријава за повреда на Законот за јавни собири и јавни настани“, се вели во соопштението.