Црна Гора: Обвинителството одредило притвор за свештениците на СПЦ поради организирање литии

од Nikola Popovski
190 прегледи

Основното јавно обвинителство во Никшиќ нареди притвор за епископот будимљанско-никшички Јоаникије до 72 часа, поради организирање на литии во тој град во вторникот, во кој се собрале неколку илјади луѓе.

Јоаникије бил сослушана во Основното јавно обвинителство во Никшиќ во вторникот вечерта, откако полицијата му врачи покана, јавува агенцијата Анадолија.

Данило Зиројевиќ, Жеjко Ројевиќ, Остоја Кнежевиќ, Мирко Вукотиќ, Василије Брбориќ, Драган Крушиќ и Никола Маројевиќ, свештеници во Саборниот храм во Никшиќ, исто така добиле наредба да бидат задржани во притвор до 72 часа, додека свештеникот Слободан Јокиќ не бил сослушан затоа што бил хоспитализиран.

„Тие се обвинети за кривично дело непочитување на здравствените регулативи за сузбивање на опасна заразна болест, затоа што, спротивно на наредбите на Министерството за здравство, ја прекршија забраната за собирање во јавни и организирани верски обреди на улиците на Никшиќ, на кои присуствуваа голем број граѓани“, стои во соопштението на обвинителството.

Литија и покрај забраната за собири

Два часа по полноќ, Јоаникије и свештениците, придружувани од полицијата, биле донесени во Основното јавно обвинителство во Никшиќ, откако претходно и дале изјави на полицијата во врска со литијата во тој град.

Пред полициската станица во Никшиќ синоќа се собрале голем број на граѓани кои им искажале  поддршка на свешетните лица со пеење на црковни пени и скандирање „не го даваме владиката“.

„Со овој верски собир, Српската православна црква ја прекрши одредбата за забрана на организирање собири. Сите кои не се придржуваа до ветувањата дадени на полицијата ќе сносат одговорност и последици“, изјави директорот на црногорската полиција Веселин Вељовиќ.