Црна Гора прва во Европа по количина на лично оружје

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Според резултатите од истражувањето „World population review“ за оваа година, Црна Гора е прва во Европа според количеството лично оружје во легално поседување, што значи дека секој трет жител е вооружен, односно дека од 100 жители, 39 граѓани поседуваат парче лично оружје.

Бројот на нелегално оружје не може да се утврди со сигурност, бидејќи за тоа нема официјални записи.

Криминологот и професор на Правниот факултет во Подгорица, Велимир Ракошевиќ, вели дека е тешко да се даде точна проценка во врска со прашањето за нелегално оружје.

„Криминолошките истражувања покажуваат дека бројката е доста голема кога станува збор за кривично дело незаконско поседување оружје и распрскувачки материи. На глобално ниво, две регистрирани оружја доаѓаат со едно непријавено оружје, што треба да претставува загриженост. Ова се оптимистички прогнози, откако во некои земјит соодносот на пријавено и нелегално оружје е 1:1“, рече Ракочевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ракочевиќ, исто така, смета дека поседувањето оружје е дел од традицијата во Црна Гора.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека минатата година се издадени 1.808 лиценци или одобренија за набавка на оружје, а тој број е приближен во последните пет години.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, физички и правни лица имаат регистрирано 100.430 оружја со 67.223 сопственици. Од таа бројка, 38.486 се во сопственост на лица кои се занимаваат со спортско стрелање.

И во акциите на Министерството за внатрешни работи на доброволно предавање на оружје на државата, кои беа спроведени од 2015 до 2021 година, беа предадени 1.865 парчиња оружје, 1.006 делови за оружје, 345 мини и 33.822 парчиња муниција.

Слични содржини