Црна Гора: Слаб одзив на вакцинацијата, ја избегнуваат „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Во Подгорица, одговорот на граѓаните на вакцинација е исклучително мал, бидејќи во моментов е достапна само „АстраЗенека“, а се очекува ситуацијата да се промени кога ќе станат достапни руските и кинеските вакцини.

Денес салите за вакцинација во зградата на Музичкиот центар и кинотеката на Црна Гора беа речиси празни, а слично беше и во Спортскиот центар.

Лекарите и медицинскиот персонал беа на нивните места, но оние што беа таму поради нив недостасуваат – граѓани, објави РТЦГ.

„Можно е одзивот да биде послаб затоа што преку социјалните мрежи се пренесуваат информации дека по вакцинирањето со „АстраЗенека“ може да се формираат тромбови, па чекаат други вакцини, кои треба да дојдат наскоро“, рече докторката на Здравствениот дом во Подгорица, Ана Вукчевиќ.

Додека не пристигнат другите вакцини, „АстраЗенека“ е достапна за сите граѓани на возраст над 18 години секој ден од 8 до 20 часот без закажан термин.

Слични содржини