Црна Гора трага по нафта, пристигнува норвешки брод од 117 метри

од desk2
110 прегледи

 

Конвој бродови за сеизмички истражувања, меѓу кои најголем е норвешкиот од 117 метри „Полар Емпрес“, оваа сабота пристигнува во територијалните води на Црна Гора.

Началникот на одделението за надзор и контрола на поморскиот сообраќај во Управата за поморска сигурност Жарко Лукшиќ го потврди тоа, и вели дека истражувањата ќе траат од 10 ноември до 21 декември. на површина од 1.200 километри квадратни.

Со помош на звучно-воздушни топови, но и специјални гео-микрофони, закачени за бродовите со неколку клометарски кабли ќе се истражува црногорското морско дно во потрага по нафта и гас.