Шефот на Тесла и Спејс Екс, Елон Маск, е загрижен за можното запирање на растот на човечката популација, па на Твитер сподели извештај на Волстрит Журнал (WSJ), во кој се наведува дека растот на американската популација е запрен.
„Колапсот на населението потенцијално претставува најголем ризик за иднината на цивилизацијата“, рече Маск, придружувајќи им се на многумина кои се повеќе предупредуваат дека запирањето на растот на новороденчињата може да значи пропаст за светот.
Во извештајот на „WSJ“ се наведува дека американското население се зголемило за само 0,35 проценти во периодот од јули 2019 до јули 2020 година, што е најнизок раст досега, што во голема мера се должи на пандемијата на коронавирус.
Ако трендот продолжи, забавувањето на растот на населението може да има негативно влијание врз САД, а со тоа и врз светската економија, бидејќи намалениот број работна сила на крајот може да ги доведе САД во економска криза, што ќе доведе до зголемена инфлација и стагнација.
Population collapse is potentially the greatest risk to the future of civilizationhttps://t.co/VVN8kElTlS
— Elon Musk (@elonmusk) July 27, 2021
Маск претходно изјави дека „колапсот на населението е многу поголем проблем отколку што мислат луѓето и не само за Земјата“ и додаде дека тој се обидува да биде добар пример со тоа што има дете со неговата партнерка Клер „Грајмс“ Бупер, пренесува Бајт.
Тој, исто така, изјави дека стагнацијата на растот на населението е проблем што може да го направи исклучително тешко за човештвото да стане меѓупланетарна цивилизација, што е една од животните цели на Маск.
„На Марс му се потребни луѓе, бидејќи во моментов е на нула. Луѓето се чувари на другите форми на живот на Земјата. Ајде да однесеме живот на Марс!“, рече Маск.
Population collapse could be upon us, but we appreciate that you good sir are still making tangible efforts to stave it off. @elonmusk 👶🏻💚🌎 pic.twitter.com/qlwz1JBUhj
— Tesla Owners of the East Bay (@TeslaOwnersEBay) July 14, 2021
Бидејќи жените раѓаат се помалку деца на глобално ниво, Маск изрази загриженост дека самата човечка цивилизација може да пропадне со текот на времето.
„Помеѓу фактот дека цивилизацијата може да заврши со голем тресок, трендот укажува на последната опција“, рече Маск. И економистите се согласуваат со него.