Црни бројки: Починаа 24 лица, најмладиот има 35 години

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во изминатово деноноќие 24 лица ја изгубиле борбата со Ковид-19.

Починатите лица се на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш.

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата починаа вкупно 3.448 лица

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.

Слични содржини