Црни бројки во Хрватска: Повеќе од 4.500 заразени за еден ден

од Nikola Popovski
212 прегледи

Како што неофицијално дознава Индекс, во Хрватска денес има повеќе од 4.500 новоинфицирани лица, а тестирани се околу 12.500 луѓе. Починале 56 лица поради потешка клиничка слика.

Вчера се евидентирани 2.613 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 21.685, пишува Индекс.

Меѓу нив, 2.660 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 278 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 154.852 лица биле заразени со новиот коронавирус, 2.298 починале, а вкупно 130.869 се опоравиле, од кои 2.987 во последните 24 часа.

До крајот на неделава треба да се воведат нови правила за трговските центри, во кои наместо за претходните четири, треба да се обезбедат по 20 квадратни метри за секој клиент.

Слични содржини