Црногорска полиција: Откриено е кој му се заканувал на Абазовиќ

од Nikola Popovski
281 прегледи

Полициската управа на Црна Гора објави дека идентификувала лице кое преку социјалните мрежи му се заканувало на претседателот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ.

Според Полициската управа на Црна Гора, работата за тој случај е во тек, имајќи предвид дека лицето кое ги испратило заканите е во странство. Се наведува дека полициската управа го известила Советот за цивилна контрола на работата, пишуваат подгорички „Вијести“.

Директорот на Полициската управа, Веселин Вељовиќ, ги повикал Абазовиќ и секој што има каква било информација за неговата закана да ги извести надлежните државни органи.

Тој потсетил на сè што беше објавено во јавноста во врска со заканите кон Абазовиќ и додал дека Полициската управа исто така започнала активности од нејзина надлежност со цел да собере информации за заканата за лидерот на УРА.

Што се однесува до наводите дека Абазовиќ е обезбедуван од припадници на странски служби, Вељовиќ наведува дека Полициската управа не е запознаена со овие наводи и дека нема никакви информации за нив.

Слични содржини