Актуелно
Почетна / Македонија / Црногорската Амбасада организира „Караван на празникот на мимозите“

Црногорската Амбасада организира „Караван на празникот на мимозите“

Амбасадата на Црна Гора во Република С. Македонија во соработка со Општина Херцег Нови и Туристичката организација на Херцег Нови утре во Скопје организираат манифестација „51-ви Караван на празникот на мимозите“.

Како што соопшти црногорската Амбасада во земјава, на свеченото  дефиле ќе учествуваат мажоретки, кловнови и Градска музикакои ќе се движат од Музеј на град Скопје по улица „Македонија“ до плоштадот „Македонија“.

Долж маршрутата ќе бидат поставени пултови на кои ќе се делат промотивни материјали за општина Херцег Нови, како и традиционалните мимози.

На караванот ќе присуствуваат градоначалникот на град Херцег Нови, Стеван Катниќ и амбасадорот на Црна Гора во Република С. Македонија, Марија Петровиќ.

loading...