181
Во цетинската населба Медовина, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Јавната служба на Црна Гора од Полициската управа.
Како што пренесува Телеграф.рс, меѓу 11-те убиени има четири деца.
Според информациите во медиумите на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка и тој бил убиен.
Извршител на злочинот е Вучко Бориловиќ (34 г.) од Цетиње.