Црногорската Влада го отповика конзулот Азески

од Nikola Popovski
512 прегледи

Црногорската Влада го отповика почесниот конзул Бранко Азески затоа што се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата, објави весникот Дан.

Исто така, појаснето е дека безбедносните органи особено ги забележале разговорите на Азески со истакнати бизнисмени од различни сфери, при што тој се обидел, како што е наведено, да ги омаловажува и компромитира највисоките власти во Црна Гора, презентирајќи ги неговите лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата на Црна Гора.

По повод оваа одлука, претседателот на Стопанската комора на Македонија ја даде следнава писмена изјава:

„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден.

Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора ѝ посакувам брз развој и просперитет, ана компаниите поголем профит“, се вели во изјавата на Азески кој функцијата почесен конзул на Црна Гора ја извршуваше од 2 јуни 2016 година.

Според официјалните податоци, Азески е почесен конзул на Црна Гора во Скопје од 2016 година.

Слични содржини