Црногорците вакцинираа една петтина од граѓаните: Дали има надеж за спас на туристичката сезона?

од Stefanija Kuzmanovska

Црна Гора врши забрзана имунизација пред почетокот на туристичката сезона.

Министерството за здравство во Подгорица денеска соопшти дека до понеделникот вечерта биле дадени 125.646 дози вакцини против коронавирусот, односно дека биле вакцинирани повеќе од една петтина од населението.

– Од тоа, 93.341 граѓани на Црна Гора ја примиле првата доза, а 32.305 биле целосно вакцинирани – се наведува во соопштението на ресорното министерство.

– Тоа значи дека во Црна Гора, повеќе од една петтина од возрасните граѓани ја примиле првата доза, и дека околу 7,2 проценти биле целосно имунизирани – се заклучува во соопштението.

Слични содржини