
Слика на рускиот претседател Владимир Путин ќе се појави на насловната страница на новиот број на магазинот “Њујоркер” (The New Yorker), кој ќе биде издаден на почетокот на март, пренесе ТАСС. Ова се наведува на официјалниот сајт на списанието. Насловот на списанието ќе биде напишано на кирилица.
Во прилог на текстот на насловната на руски ќе е напишано и името на уметникот Бери Блит. “Научив кирилица”, ги пренесува неговите зборови весникот.
Еден од симболите на магазинот “Њујоркер” е создадена од уметникот Ри Руин илустрација на лик со името Јустас Тили – кој низ монокл гледа пеперутка. На насловната на следниот број Путин ќе го гледа низ монокл претседателот на САД Доналд Трамп, кој ќе има крилја на пеперутка.
