Црвен аларм во Торино: Јуве во минус од 190.700.000 евра за минатата година

од Vladimir Zorba
334 прегледи

По девет години непрекинато владеење, Јувентус ја загуби титулата од Интер, а според финансиските извештаи, се чини дека губи се повеќе го губи тлото под нозете.

Според страниците специјализирани за фудбалски финансии, Јувентус ќе пријави минус од 190.700.000 евра за сезоната 2020/21! Документацијата во која имаа увид италијанските специјалисти за финансии јасно покажува дека „старата дама“ ја заврши првата половина од годината со дефицит од 77.000.000 евра, додека загубата од 113.700.000 евра беше забележана за периодот јуни-декември минатата година!

Ова се уште не е целосен податок, бидејќи официјалниот извештај се очекува кон средината на септември, кога ситуацијата ќе биде целосно јасна.

Треба да се нагласи дека ова е периодот на првиот удар на пандемијата на коронавирусот, кога стадионите беа целосно заклучени, но и кога клубовите низ Европа почнаа да трпат страшни удари и оптоварувања поради новата светска економска криза. Покрај тоа, Јувентус остана без титула во Италија, речиси без место во Лигата на шампионите, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата, додека натпреварувањето во ЛШ заврши во осминафиналето, поради што посериозен не можеше да се смета на посериозен прилив на парите.

Одењето во „црвено“ не е ништо ново за Јувентус. Имено, минусот за оваа година е двојно поголем од оној од натпреварувачката 2019/20, кога изнесуваше 89.700.000 евра. „Бјанконерите“ ќе ја завршат четвртата финансиска година во минус по пријавената загуба од 4.100.000 евра во сезоната 2015/16 и 42.600.000 евра за натпреварувањето 2016/17.

Да потсетиме, по разделбата со Кристијано Роналдо, Јувентус во официјално писмо до јавноста објави дека само тој бизнис ќе напише минус 14.000.000 евра во книгите.

Тешки времиња за клубовите низ Европа …

Слични содржини