Црвена панда избега од зоолошката градина во САД

од Vladimir Zorba
380 прегледи

Од зоолошката градина во американскиот град Норфолк, Вирџинија, избега црвена (мала) панда. Во понеделникот, 23 јануари, вработените на зоолошката градина забележале дека самката Сан не е во кафезот. Оттогаш ја барале.

Оние кои живеат во близина беа замолени да соопштат, ако го забележат бегалецот. Во потрагата се вклучи и полицијата – која прави обид загубената панда да биде пронајдена со помош на геотермална камерата. Инцидентот може да е поврзан со тоа што во јануари започнува периодот на размножување  за црвените панди. Во тоа време, животните се возбудени и нивното однесување е непредвидливо.

Црвените (мали) панди се ситни цицачи кои живеат во Кина и Непал, како и во Индија, Бутан и Бурма. Тие се покриени со црвени и кафеави влакна и имаат долга мека опашка. Во зоолошките градини во светот има околу 350 претставници на овој вид.