Балетската претстава„Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров. Киров на македонската публика и е познат по успехот што го постигна со поставувањето на веќе популарната „14 Часа“. Во моментов, Киров е Уметнички директор на балетскиот ансамбл во театарот во Сплит, Хрватска. Асистент на кореографот е гостинката од Словенија, Мојца Мајцен. Сценограф е Марија Ветероска, додека костимограф, Александар Ношпал, a светло мајстор, Милчо Александров. Настапуваат првенците и солистите на балетот на МОБ: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Андреј Литвиненко (Украина), Саша Евтимова, Марина Анастасовска, Илијана Данилов, Диљана Јанева (Бугарија), Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Агим Бафтии, Ендру Кук (Англија) и Светлин Стојанов.
Балетската претстава “Црвената соба” граѓаните ќе можат да ја видат на 14 јуни во MOБ со почеток во 20 часот. Претставата ова лето ќе гостува во Сплит, Хрватска.