Црвениот крст дистрибуира хуманитарна помош за населението зафатено од пожарите во Kрива Паланка

од Nikola Popovski
253 прегледи

Од Црвениот крст информираа дека нивни тимови за одговор при катастрофи дистрибуираа хуманитарна помош за населението кое е зафатено од пожарите во Kрива Паланка.

-Хуманитарната помош се состоеше од 50 пакети со храна, 50 пакети со хигиена, 1260 шишиња вода од 0.5л, 100 ќебиња и 10 душеци. Нашите тимови остануваат и понатаму на терен за да бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот, велат од организацијата и ги повикуваат сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

-Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност, објаснуваат од Црвениот крст.

Слични содржини