260
Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година.
-Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство, информираат од Црвен крст на Република Северна Македонија.