Во чекор со глобалните предизвици и зголемување на свесноста за важноста и потребата од заштита на менталното здравје, како и унапредување на активностите за поддршка и помош на граѓаните и институциите во државата, сакаме да Ве информираме дека Црвениот крст на Република Северна Македонија отвара Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка.
-Како голем наш поддржувач, особено во активностите на Црвениот крст поврзани со одговорот на КОВИД-19 пандемијата која имаше големо влијание на сите аспекти од животот на луѓето – вклучително и нивното менталното здравје имаме особена чест да Ве поканиме на настан каде ќе го претставиме моделот за пружање прва психолошка помош и психо социјална помош и поддршка.
Делокругот на работа на Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст на РСМ ќе биде спроведување на одржливи активности за градење на граѓанските и националните капацитети за обезбедување на прва психолошка помош и психосоцијална поддршка за различни целни групи. Со цел да се обезбеди долгорочна одржливост во рамки на системот за кризен менаџмент, суштинска заложба ќе биде иницирање и промовирање на адвокативни напори за вградување на овој модел во законската регулатива, со што за прв пат законски би се регулирала областа на психосоцијалната поддршка како сегмент од навременото сеопфатно планирање за делување во услови на кризна, вонредна или воена состојба.
Свечениот настан ќе се одржи на 09.07.2021 година со почеток во 10:00 часот, во Хотел Мериот, Скопје.
На настанот ќе присуствуваат Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити, Прва дама на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, Министерот за здравство Венко Филипче, Министерката за образование Мила Царовска и Заменик министер за труд и социјална политика Енвер Хусејин, информираат од Црвениот крст.