Црвениот крст се вклучува во спасувачката мисија на цивилното население од Авганистан

од Vladimir Zorba
337 прегледи

На состанокот денеска во Владата на Северна Македонија во организација на премиерот Зоран Заев по повод спасувањето на цивилното население од Авганистан, од страна на претставниците на Црвениот Крст беа презентирани плановите за прифаќање и помош на граѓаните кои се очекува да пристигнат во следните денови.

Црвениот крст заедно со останатите меѓународни организации ќе обезбедат соодветни информации, превод и комуникација со лицата согласно нивните потреби, основни средства и пакети за хигиена, како и задоволување на сите медицински потреби на лицата во координација со Министерството за здравство, како и средства за комуникација и одржување на работните потреби на луѓето, рекреативни активности и активности за целокупна поддршка на луѓето и децата во овој период.

На состанокот се разгледаа сите оперативни аспекти во врска со привременото сместувањето на лицата во хотели и мотели, до трансферот до нивните крајни дестинации како што се САД или трети земји, за што трошоците ќе бидат покриени од меѓународните организации.

Слични содржини