Црвенковски: Вака понатаму не може овој балон ќе пукне

од Берта Китинска

Македонија, според поранешниот претседател Бранко Црвенковски  е корумпирана држава.

-Во земјава нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството, во корумпирана држава нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не со подмачкување.., вели Црвенковски обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава

Тој укажа дека владее конфликт меѓу партиите, кои се замразени, неспособни да седнат на заедничка маса, што го отежнува напредокот на државата.

Според него, Македонија е земја во којашто се живее на кредити, а има изрека која вели „којшто живее на кредити, умира на рати“.

-Вака понатаму не може овој балон порано или подоцна ќе пукне со сите катастрофални последици кои ќе произлезат од него.На Македонија итно и е потребан националан платформа која ќе биде задолжителна за сите, кажа Црвенковски,

Слични содржини