Црвеното вино е добро за дигестивниот систем

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучиле дека црвеното вино е корисно за дигестивниот систем, пренесува АФП.

Луѓето кои пијат црвено вино имаат покорисни бактерии во цревата, што е индикатор за добро здравје на гастроинтестиналниот тракт во споредба со луѓето кои пијат друг алкохол.

Студијата беше објавена во списанието „Гастроентерологија“. Таа го споредува ефектот на пивото, виното и силниот алкохол врз популацијата на микроорганизми во цревата, наречена „микробиом“.

„Колку поразлични се корисните бактерии, толку подобро за луѓето. Тој ќе може поефикасно да се бори против болестите и да произведува повеќе метаболити од храната, што ја консумира“, вели раководителот на студијатата, Каролин Ле Рој.

Лошата рамнотежа помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии може да доведе до слабеење на имунолошкиот систем, маснотии и висок холестерол.

За да се добијат резултати со научна вредност, истражувачите ги спровеле своите тестови трипати. Еднаш со 1.000 учесници во САД, втор пат со 1.000 учесници во Холандија и трет пат со 916 близначки парови во Велика Британија.

Така, научниците биле сигурни дека податоците добиени за ефектот на црвеното вино не се случајност, што може да се добие при проучувањето на човечкото тело, заради многу варијабли.

Истражувањето со близнаци беше насочено кон елиминирање на надворешните фактори како што се генетската предиспозиција и социо-економското опкружување.

Другите видови алкохол не влијаеле на микробиомот.

Освен црвеното вино, рефлексија имало белото вино, но во многу помала мера.

Научниците го припишуваат ефектот на полифеноли и микроелементи во трагови содржани во зрната грозје.