Црвеното вино го ублажува пост-ковид синдромот

од Vladimir Zorba
712 прегледи

Консумацијата на ограничени количини вино помага да се ублажи пост-ковид синдромот, изјави Александар Мјасников, доктор и ТВ водител, за „Ура.ру“.

Откако некое лице ќе се зарази со коронавирус, чаша црвено вино е корисно бидејќи пијалокот содржи ресвератрол, кој е моќен антиоксиданс, рече тој. Тој нагласи дека овој тип на терапија е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол.

Мјасников појасни дека е соодветно да се консумира алкохол една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста.

Лекарот предупреди да не се злоупотребува алкохол, нагласувајќи дека алкохолот е целосно контраиндициран во акутниот период на која било заразна болест, кога има треска и вирусот се размножува во телото.