ЦУК: Француските експерти се упатија кон пожарот помеѓу селата Барово и Вешје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Директорот на Центар за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, со 6 експерти од Франција за високоризични пожари се упати кон пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Неготино којшто се шири кон Висорамнината Витачево. Со овој француски ПП тим, потпомогнат и со дронови за извидување и термално детектирање пожари, директно од терен се одлучува за методите и тактиките што во моментот е можно да се применат до крајот на денот, а и за ангажирањеирање и на хеликоптерско противпожарно дејство, соопштија од ЦУК.

Два хеликоптери дејствуваа во содејство со силите на земја, од ангажираните субјекти на системот за управување со кризи, здружени од повеќе општини (Демир Капија, Неготино, Кавадарци). Францускиот тим одлучи и да се дејствува и со контра-пожар одбранбена линија над селото Барово.

Дпоред пладневните информациите од ТППЕ Кавадарци и ЈП Национални шуми ПО БОР Кавадарци пожарот е преминат и на подрачјето на општина Кавадарци и се шири кон село Страгово.

Покрај фрацускиот експертски тим на пожарот се упатени 6 пожарникари од ТППЕ Кавадарци со 1 ПП возило цистерна и 1 теренско возило и ЈП Национални шуми Подружница БОР Кавадарци 7 вработени со 1 ПП возило фап и 1 теренско возило, додаваат од ЦУК.

Слични содржини