ЦУК: Постои уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка

од Берта Китинска
230 прегледи

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои начелно треба да бидат преземени за да биде отстранета двете нестабилни карпи над браната Матка која е опасност за граѓаните.

Врз основа на таа програма, како што појасни, понатаму треба да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста и врз основа на тоа ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер со кој ќе најде изведувач за надминување на опасноста.

– Генерално размислите одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото на кое се наоѓаат со специјални уреди и механизми со што тие би биле прицврстени за карпата, а втората варијанта е контролирано рушење, посочи Ангелов.

Имено, како што додаде тој, разликата помеѓу овие две големи нестабилни карпи и другите низ земјава е тоа што овие можат да паднат во близина на браната или врз одводниот канал од браната Матка.

На втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар. Овој уред мери колку карпата се движи преку ден и ноќе, односно при промена на температура бидејќи надворешните влијанија се одразуваат на ваквите карпи. Првата карпа е со димензии од 6 до 8 кубни метри или околу 20 тона, додека втората карпа е значително поголема. Овие карпи се нестабилни, но не значи дека се такви од скоро, може се со децении, при евентуален нивен пад може да настане загрозување за Град Скопје, појасни Ангелов.

Слични содржини