Центарот за управување со кризи денеска одржа видеоконференцијата на која учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.
-Владата да побара од парламентот да донесе одлука за продолжување на кризната состојба, која беше прогласена во земјава на 20 ноември, со трање од 30 дена, што би значело до 20 декември Истовремено е одлучено да се формира и заеднички Медиа центар при Главниот штаб за управување со кризи, заради координирано тековно информирање на јавноста за активностите коишто произлегуваат од Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19″ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2″ со што се загрозува безбедноста и здравјето на населението, соопштија од Центарот за управување со кризи.
На седницата, покрај состојбата во државата во различни ресори, беа разгледани и определени активности на институциите, а и насоки за обезбедување валидно информирање на граѓаните и спречување на ширење дезинформации.