Заради најавите за невреме и поројни врнежи Центарот за управување за кризи (ЦУК), преку своите регионални центри, испрати укажување за потреба од преземање превентивни мерки до градочалниците и лицата за контакт во сите региони во државата, коишто при вакви случувања, повратно, го известат регионалниот центар односно ЦУК, за можните настани поврзани со настанато невреме и порои во рамки на заедничко информирање и координирање и регионално и во државата. Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од Системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони.
Конкретно, покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Согласно информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, временска прогноза за денеска и во наредниот неколкудневен период предвидува:
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА (недела, 18.07.2021): Променливо облачно и нестабилно од пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8
Во Скопската Котлина: променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.