Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страницаа информираа за состојбата со активните пожари низ државата, заклучно со 13 часот.
Штипски регион
Пожарот кој започна на 2 август во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак се уште е активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент опожарени се околу 750 хектари борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови, од 4 часот. Интервенираат 200 припадници на АРМ; 25 вработени во ШС Голак – Делчево со 4 теренски возила; ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерни и теренско возило; 5 припадника на Гранична полиција со 5 теренски возила; 3 припадника на ПС Делчево со 1 теренско возило; ЈПКД Брегалница со 10 вработени со 2 ровокапачи, теренско возило со 1 тон вода и 1 џип; РЦУК Делчево со 1 вработен, ТППЕ Македонска Каменица со 4 пожарникари со теренско возило; ЈП Камена река – Македонска Каменица со 10 вработени и 1 комби; и дел од пожарникарите од Бугарија. Волонтери од Црвени Крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните сили.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се и 4 хеликоптери.
На територијата на општина Пехчево, кај местото викано Бајаз Тепе пожарот се уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, 100 припадници на АРМ, 20 ренџери, дел од екипата од Бугарија; ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз; ШС Малешево – Берово со 15 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз; ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари; ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по 2 пожарникари со 1 ПП возило; ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени; РЦУК Берово со 1 вработен; ЕВН со 6 теренски возила за превоз; 35 луѓе од месното население.
Се очекува во секој момент да пристигне специјална ПП единица од Словенија.
Пожарот на потегот Костин Дол – Ново Село (Кочани и Македонска Каменица) од ноќеска повторно е активен. Интервенираат ТППЕ Кочани со 15 пожарникари; ШС Осогово – Кочани со 10 вработени; Водостопанство – Кочани со 20 луѓе; и МЗШВ со 5 лица.
Струмички регион
Пожарот кај местото бикано Погана, кој започна на 1 август е со намален интензитет, односно нема активно горење. Досега опожарени се околу 1.200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). На терен интервенираат: ТППЕ Валандово со 2 ПП возила и 7 пожарникари; ШС Саланџак – Валандово со 14 вработени; ПО ДЗС Валандово со 7 припадника; АРМ со 30 припадници; ЕВН Битола со 7 вработени, едно теренско возило и 1 цистерна и Здружение од Битола со 9 припадника. Има и 2 трактори за пренос на храна и вода за учесниците во гаснењето на пожарот. Поради намалениот интензитет на пожарот, денес ќе се врши контролирање и гасење на недогорениот материјал.
Од страна на општина Гевгелија пожарот е под контрола. Опожарени се околу 200 хектари мешана шума и сува трева. На терен се 13 лица од ШС Кожув Гевгелија.
Битолски регион
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин, Топлица е активен на еден крак спрема Рудникот Козјак и еден крак спрема високиот дел на селата Крстец и Никодин. Опожарени се околу 2.000 хектари нискостеблеста дабова шума и лисната постилка. На потегот Крстец – Никодин гори нискостеблеста дабова шума.
Под контрола е кракот спрема селото Топлица, кракот према Црквата и викенд куќите во селото Ракле.
На кракот од Магистралниот пат Прилеп – Градско, гори чалија, сува трева, грмушки и деградирана дабова шума. Интервенираат 17 војници на АРМ и ТППЕ Прилеп со 9 пожарникари со 2 ПП возила.
Од ноќните часови меѓу 4 и 5 август започнат е пожар на потегот Дрен – Смолани (Прилеп) со кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка на површина од 0.5 хектари. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на местото Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 13 војници на АРМ, 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месното население, како и 7 работници на ШС Црн Бор Прилеп.
Охридски регион
Пожарот во атарот на селото Девич (Македонски Брод), во 18 часот на ден 4 август е ставен под контрола. Од утрово на терен се ТППЕ Македонски Брод со 4 пожарникари и 5 вработени од ШС Македонски Брод заради контрола на просторот.
Тетовски регион
ТППЕ Тетово од 09:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради запалена сува трева кај сточниот пазар во селото Голема Речица.
Кумановски регион
ТППЕ Куманово со 4 пожарникари и 1 ПП возило, од 7 часот интервенираат поради запалена сува трева во атарот на селото Јачинце.
ТППЕ Старо Нагоричане со 3 пожарникари со 1 ПП возило, во 9:30 часот е упатена на терен кон атарот на селото Жељудино поради контрола.
Пожарот во атар на селото Коњух (Кратовосло) е изгаснат, а на терен поради контрола се наоѓа екипа на ЈП Македонски Шуми.